8-ми Март во Дрвен Град, Вишеград, Сараево, Дубровник, Мостар и Будва

Ново

8-ми Март во Дрвен Град, Вишеград, Сараево, Дубровник, Мостар и Будва за 109€

Повеќе детали

Повеќе информации

„Незаборавно патување низ градовите како од бајките“


1 ден (07.03 - четврток)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn (поранешен Дрводекор) во 18:00 часот. Поаѓање во 18:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце кон Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (08.03 - петок)
Пристигнување во Мокра гора во утринските часови. Посета на етно селото Дрвенград, изградено од страна на познатиот филмски режисер Емир Кустурица, за потребите на снимање на филмот „Животот е чудо“. Патувањето продолжува кон Вишеград, градот каде што работел и творел писателот Иво Андриќ. Прошетка по познатиот мост које е опишан во делото „Мостот на Дрина“. Патувањето продолжува кон Сараево. Пристигнување во Сараево околу ручек. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови предлагаме факултативно разглед на градот со локален водич: Баш чаршија со познатиот Себиљ, Катедралата на Исусовото срце, мостовите на Миљатска... Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (09.03 - сабота)
Појадок. По појадокот факултативно предлагаме посета на изворот на реката Босна, Врело Босне, разгледницата на Сараево. Слободно време за прошетка и индивидуални активности низ Сараево. Вечерта факултативно предлагаме посета на национален ресторан со музика. Ноќевање.
4 ден (10.03 - недела)
Појадок. Напуштање на хотелот во утринските часови. Поаѓање кон Мостар преку планината Јабланица. Прошетка низ Мостар низ старата чаршија и познатиот стар мост. Слободно време. Во договорено време се поаѓа за Дубровник. По пристигнувањето во Дубровник разглед на Стариот град и познатиот Страдун со локален водич. Патувањето го продолжуваме кон Будва. По пристигнувањето прошетка низ стариот град на Будва. Слободно време. Во договорено време во вечерните часови поаѓање кон Скопје. Се патува преку Албанија, Косово...

5 ден (11.03 - понеделник)
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра ( 6.760 денари)

Цената вклучува:
* Автобуски превоз на релација Скопје – Дрвенград - Вишеград - Сараево - Мостар - Дубровник - Будва - Скопје
* Посета на Вишеград
* Посета на Мостар
* Посета на Будва
* 2 Ноќевања со појадок во хотел 3* во Сараево
* Организација и водство на програмата со лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:
* Туристичка такса 2 евра (124 денари) по лице по ноќевање – (задолжително во агенција)
* Патничко осигурување – 150 денари
* Посета на Дрвенград – Мокра гора ( влезница 2,5 евра)
* Разглед на Дубровник со локален водич – 10 евра - задолжително
* Факултативна разглед на Сараево со локален водич – 10 евра
* Посета на Врело Босне – 10 евра
* Вечера во национален ресторан – 20 евра


Напомени:
* За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Т.А. НОА ТУРС го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање
* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО !!!

*** Искористете ја ексклузивната можност за плакање на 12 рати со новите Happy кредитни картички
на НЛБ банка.