8-ми Март во Будимпешта зголеми

8-ми Март во Будимпешта

Ново

8-ми Март во Будимпешта за 169€

Повеќе детали

Повеќе информации

„Убавицата на Дунав“

Будимпешта – престолнината на „Убавиот син Дунав“, градот на девет мостови, со повеќе од 1500 години стара историја и културно наследство кое многубројните цивилизации го оставиле зад себе е една од најубавите престолнини во Европа. Во минатото втор центар на моќната Хабсбуршка монархија, денес распростран на двата брега на Дунав, чии делови на Пешта и старото јадро на Будим од 1987 година се дел од културното наследство на УНЕСКО. Ако на се ова ги додаеме специјалитетите како гулашот, паприкашот, виното, марципанот, познатите штрудли со мак, незаборавниот ноќен живот, станува појасно зошто Будимпешта е неизбежна дестинација на повеќе од 15 милиони туристи секоја година.

1 ден (09.03 - сабота)
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 06:00 часот. Лет со Wizz air број на лет W6 2230 во 08:05 часот. Слетување во Будимпешта во 09:25 часот. По царинските формалности следи разглед на центарот на Будимпешта со локален водич. Панорамското разгледување на градот започнува од плоштадот на хероите, споменикот на Милениумот, операта, најмонденската авенија Андраши, шопинг улицата Ваци, познатата улица Ракочи, вториот по убавина Парламент во Европа, црквата Св. Стефан. Од Пешта преку еден од деветте мостови на Дунав групата се упатува кон Будим на Цитаделата, кралската палата, црквата Св. Матејас се до рибарската тврдина. Слободно време за кафе пауза. По завршување на разгледот сместување во хотел. Вечерта факултативно предлагаме посета на чарда – национален унгарски ресторан каде ќе имате можност да уживате во унгарски фолклор како и да вкусите традиционални унгарски јадења и вина. Ноќевање.

2 ден (10.03 - недела)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме посета на познатата кралска опера, а потоа посета на зоолошката и ботаничката градина со најстарото метро во Европа. Зоолошката градина е една од најстарите во Европа која постои од 1886 година со околу 1072 животински видови. Специфична е и местоположбата на самата зоолошка градина бидејќи се наоѓа во централниот парк на градот. Посетена од преку милион туристи годишно препорачуваме да уживате во прошетката која трае најмалку 3 часа. Враќање во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден (11.03 - понеделник)
Појадок. Слободен ден или предлагаме факултативно посета на еден од најголемите шопинг центри во Будимпешта - Arena Mall. Во попладневните часови предлагаме факултативно крстарење по Дунав со звуците на Виенските валцери (незаборавно уживање). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (12.03 - вторник)
Напуштање на хотелот во 03:30 часот со приготвен ланч пакет за појадок. Полетување од Будимпешта со Wizz air број на лет W6 2229 во 06:10 часот. Слетува во Скопје во 07:35 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра ( 10.480 денари)

Цената вклучува:
* Авионски превоз со Wizz air – Скопје – Будимпешта – Скопје
* Кабински багаж 2 торби - (една со димензии 40x30x20 и втора со димензии 55x40x23)
* Трансфер аеродром – хотел - аеродром
* Панорамски разглед на Будимпешта со локален водич
* Три ноќевања со појадок во King's Hotel 3*
* Лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:
* Туристичка такса 62 денари (1 евро) по лице по ноќевање (задолжително во агенција)
* Патничко осигурување – 190 денари со вклучен багаж
* Аеродромски такси 2.480 денари
* Посета на национален унгарски ресторан чарда со традиционална програма и вечера – 35 евра
* Посета на зоолошката и ботаничката градина со карти за метро превоз и влезница – 15 евра
* Посета на операта (внатрешен разглед со вклучен водич) – 15 евра
* Крстарење по Дунав – 15 евра
* Посета на шопинг центар Arena Mall со карти за метро превоз – 5 евра

Напомени:
* За реализација на патувањето потребен е минимум од 20 патници
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се
доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Уплатата на факултативните излети се врши во агенција пред поаѓање и истите се
нерефундабилни доколку се откажат во текот на патувањето
* Организаторот на патувањето го задржува правото на измени во редослдеот на програмата во
случај на непредвидени објективни причини како што се; доцнење на лет, гужва во сообраќај,
штрајкови, затворени локалитети и сл.
* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО!
* Искористете ја екслузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка (формулари за нови картички во агенција)