8-ми Март во Белград и Нови Сад

Ново

8-ми Март во Белград и Нови Сад за 79€

Повеќе детали

Повеќе информации

„Градот кој не спие“
Белград е на листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава. Има прекрасни ресторани, барови и ноќни клубови како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, ентузијастичкото домашно население придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

1 ден (08.03 - петок)

Состанок на групата во 0030 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 01:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан, ридот Топчидер (стадионите на Црвена Ѕвезда, Партизан). Сместување вo преубавиот хотел „Компас Ривер Сити“ кој е единствениот брод - хотел во Белград, долж крајбрежјето на реката Дунав, кој е на само 3 км одалечен од најпозната улица Кнез Михајлова. Секоја од собите кои се автентични бродски кабини располагаат со бесплатен интернет, кабелска телевизија, минибар, сеф, клима... Во вечерните часови организирана свечена вечера во прекрасниот ресторан во хотелот со поглед кон Дунав.

2 ден (09.03 - сабота)

Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад и разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор - најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Посета и можност за шопинг во најпознатиот OUTLET CENTER INDZIJA – со попусти до 70% на наjпознатите светски брендови – GUESS, NINE WEST, TOMMY HILFIGER… Враќање во Белград во попладневните часови. Вечерта можност за прошетка низ центарот на Белград. Ноќевање.

3 ден (10.03 - недела)

Појадок. Напуштање на собите во 10:00 часот. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на „ИКЕА“. Слободно време до 15:00 часот. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената вклучува:

* Автобуски превоз на наведената релација

* 2 ноќевања со појадок во хотел Compass River City

* Разгледување на Белград со стручен локален водич

* Посета на „ИКЕА“

* Организација на аранжманот со лиценциран придружник - пратител на групата

Цената не вклучува:

* Вечера во свечената сала на хотелот (богато мени на храна со неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци) - 23 евра

* Туристичка такса (1.50 евра) - 93 денари по лице по ноќевање (задолжително во агенција)

* Патничко - здравствено осигурување - 120 денари

* Факултативна посета и разглед на Нови Сад со стручен локален водич и попатна посета на шопинг центар Инџија (15 евра)

Напомени:
* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)
* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање
* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО !

*Искористете ја екслузивната можност за плаќање на 12 рати со новите Happy кредитни картички на NLB банка (формулари за нови картички во агенција)