8-ми Март во Дубровник

Ново

8-ми Март во Дубровник за 129€

Повеќе детали

Повеќе информации

Независно од тоа дали прв пат сте во посета на Дубровник, чувството на стравопочит никогаш не успева да се спушти кога ќе погледнете во убавината на стариот дел на градот. Прекрасен град кој го красат тесни улички, барокни згради, антички градски ѕидини и бескрајната треперливост на Јадранското Море. Дубровник е градот во кој вашите медитерански фантазии можете да ги претворите во реалност.

1 ден (07.03 - четврток)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn (поранешен Дрводекор) во 20:30 часот. Поаѓање во 21 часот. Се патува преку граничен премин Блаце кон Косовo, Aлбанија, Црна Гора и Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (08.03 - петок)
Пристигнување во Дубровник во претпладневните часови. Запознавање на градот во придружба на водич. Страдун, тврдината Минчета, палата Спонза, доминиканскиот манастир во кој се наоѓа Тицијановата слика Марија Магдалена, црквата Св.Влах. Слободно време за одмор во некој од многубројните кафичи или ресторани или направете незаборавни фотографии од тврдината Минчета. Сместување во хотелот. Ноќевање.

3 ден (09.03 - сабота)
Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и индивидуални активности низ Дубровник. Вечерта факултативно предлагаме посета на национален ресторан со музика. Ноќевање.

4 ден (10.03 - недела)
Појадок. Напуштање на хотелот во утринските часови. Поаѓање кон Бар. Прошетка низ Бар. Патувањето го продолжуваме кон Будва. Слободно време. Во договорено време во вечерните часови поаѓање кон Скопје. Се патува преку Албанија, Косово...

5 ден (11.03 - понеделник)
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра ( 7998 денари)

Цената вклучува:
* Автобуски превоз на релација Скопје – Дубровник - Скопје
* Попатна посета на Будва
* 2 Ноќевања со појадок во хотел 3* во Дубровник
* Организација и водство на програмата со лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:
* Туристичка такса 2 евра (124 денари) по лице по ноќевање – (задолжително во агенција)
* Патничко осигурување – 150 денари
* Разглед на Дубровник со локален водич – 10 евра
* Факултативна посета на Сплит -15 евра
* Вечера во национален ресторан – 25 евра

Напомени:
* За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници
* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд
* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се
доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање
* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО !!!

*** Искористете ја ексклузивната можност за плакање на 12 рати со новите Happy кредитни картички
на НЛБ банка.