neaskioni3

Викенд во Октомври - Неа Скиони со Лутра ” 11.10 - 13.10.2019
Неа Скиони – Едно од најстарите рибарски села на Халкидики, на 105 километри од Солун.

Живописно рибарско село кое живее во текот на целата година. Првата рибарска фамилија го населува селото уште во далечната 1918 година.Првото име било Скиони, а денес Неа Скиони.

Денеска брои популација од околу 1.000 жители.

 

neaskioni1

1 ден (11.10 - петок)

Состанок на групата во 05:30 часот, поаѓање од Скопје во 06:00. Се патува преку граничен премин Богородица, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Солун во утринските часови. Посета на стариот град Ano Poli или ,,Високиот градсместен на највисоката точка во градот. Старите ѕидини од првобитниот град се уште стојат на истите места, а градбите ја запазиле архитектурата од Византискиот период. Можност да уживате во кафе пауза која ќе Ве пренесе во една дамнешна димензија.Во договорено време во пладневните часови поаѓање за Неа Скиони. Пристигнување во Неа Скиони во попладневните часови. Сместување по апартмани. Ноќевање.

 

2 ден (12.10 - сабота)

Во утринските часови поаѓање кон Лутра. Посета на трмалната бања ,,Агиа Параскевиво Лутра. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

Целодневен престој со можност за користење на СПА услугите од бањата.

Попладнето враќање во Неа Скиони.  Ноќевање. 

 

3 ден (13.10 - недела)

Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време на пладне поаѓање за Скопје.

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 ЕВРА

  • Можност за сместување во хотел ,,CROWN’’ 3* - на база полупанисон (појадок и вечера) со доплата од 40 евра по особа

 

Цената вклучува:

* Автобуски превоз на наведената релација

* Целодневен шопинг во Солун

* Две ноќевања во апартмани (или хотел Crown 3*) во Неа Скиони

 

Цената не вклучува:

* Туристичка такса (1 евра) по апартман по ноќ  - ( плаќање во агенција)                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                              

* Патничко - здравствено осигурување – 150 денари

* доплата за хотелско сместување на база полупансион (појадок и вечера) – 40 евра

   Хотел ,,Crown” 3* - http://mycrownhotel.com/

* Факултативна посета на Лутра – СПА центар ,,Агиа Параскеви”  - 10 евра превоз

Содржини за користење:

- користење на базен за возрасни – 6 евра / деца - 3 евра

- користење на базен со сауна и парна бања – 15 евра за мах.час и половина

- хидро масажа за 2 особи – 20 евра за 30 мин.

- сауна – 10 евра за 1 час

  

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 пријавени патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

 

* НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО