ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – ШПАНИЈА 2019

spain

 

 

 

 

Излет

Опис

Вклучува

Цена

БАРСЕЛОНА

ПАНОРАМИКА

Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело црквата Sagrada Familia. Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида. А за крај прошетка по најшарената улица на светот. Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај... 

* разглед на градот со водич.

25

БАРСЕЛОНА ШОПИНГ + МАГИЧНИ ФОНТАНИ

Барселона нуди вистинска можност за шопинг особено во период од (01.07 – 31.09) кога се големите попусти и распродажби кои одат до неверојатни намалувања на цените до 70 – 80 % Првиот настап на магичната фонтана била на 29 Мај 1929 за време на втората светска изложба. Магичната фонтана е спектакуларен приказ на бои, светлина, движење, музика и акробатика со вода – ако ги измешате сите овие елементи заедно во една целост ќе добиете чиста магија! Магичната фонтана е нешто што мора да се види и доживее. 

*превоз до Барселона, посета на магичните фонтани

15 €

КАН

Посета на брдото Сиќе со панорамски поглед на градот, стариот град , монденската улица  La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата... Разглед на прекрасното градче со вистински француско – провансалски шмек.

*превоз, разглед на градот со водич

10€

МОНАКО И МОНТЕ КАРЛО + фабрика за парфеми ФРАГОНАРД

Разглед на кнежевството Монако- Принчевата палата, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката  на Ф1 ... и секако гламурот на казината во Монте Карло.

 

*Превоз,

разглед на градот со водич

25 €

КОСТА БРАВА

Посета на Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преку 100 видови на кактуси... излетот завршува со дегустција на вино и сангрија во винарска визба

*Превоз, + влезница за ботаничка градина

 15

ДИСКО

ЛОРЕТ ДЕ МАР

Вип клуб картичка за 7 вечери во дискотека во Лорет де мар, секоја вечер со различна програма

влезница

15

АКВАРИУМ

Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.  

 

*превоз + влезница

20

PORT AVENTURA

PortAventura е парк, каде што ќе доживеете неверојатни авантури и искуства во рамките на неверојатните пет тематски зони како: Империјал Кина, Дивиот Запад,  егзотичната Полинезија, Мексико, и топлата Mediterrània. Кои нудат многу атракции и забава.
Во паркот, што не само што ќе уживате во возбудливите возења на лудите железници

*превоз +            влезница

68

CAMP NOU

Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можнот да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибините, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес...

* влезница

27

ФЛАМЕНКО

Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и специјалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини) ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара... и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.

* влезница + 1Шампањ и неограничено сангрија

25€

ФИГУЕРАС - МУЗЕЈ НА ДАЛИ + ЕМПУРИА БРАВА

Посета на родниот град на Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ѓи опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги  почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Empuriabrava (или по позната како Шпанска Венеција) е едно од најголемите пристаништа во земјата. Лоцирана е на брегот на Гирона (Каталонија, Шпанија) Empuriabrava првично била изградена на мочуриште, а потоа била претворена во туристичка атракција. Идејата е уште од 1964 година, а се реализирала 1975 година. Во градот има повеќе од 30 километри канали каде денес свои луксузни летни вили имаат врвни спортисти, пеачи, луѓе од уметноста... Сезонски преку лето Empuriabrava брои население од околу 80.000 жители. Вистинско доживување е можноста да изнајмите глисер, кој ќе го управувате сами по каналите, а тоа е супер – забавно искуство за целото друштво. 

*превоз +            влезница за музејот на Дали

30 €

ВИТЕШКИ БОРБИ

Во средновековниот замок во Тордера Ви приредуваат навистина интересна програма во средновековен стил, каде што можете да видите на кој начин се бореле витезите. Со самото влегување во замокот ќе бидете пречекани од “Грофот и Грофицата од Валтордера” кои  на влезот ќе Ви посакаат добредојде, а нивните слуги ќе Ве испратат до главните сали. По вечерата се оди кон салата за танцување каде можете да се забавувате танцувајќи на разни ритми (танго, валцер,ча-ча-ча....и.т.н.) Некаде околу полноќ следува програма на шпански национални игри и танци

*Превоз + влезница

40

  • Цените на влезниците може да бидат променливи, во зависнот од самите локалитети