istanbul ng
1 ден (29
.12 - недела)

Состанок на групата во 16:00 часот на паркингот спорти Holiday Inn.Поаѓање во 16:30 часот. Се патува преку граничен премин Богодорица, Грција, Турција ...со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден (30.12 - понеделник)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Универзитетот Бејазит – еден од најстарите универзитети, Капали чаршија,Лалели, Аксарај, Римскиот аквадукт, Пера Палас хотелот (местото каде Агата Кристи го напишала познатиот роман Ориент експрес), стадионот на Бешикташ, Долма Бахче сарајот, Таксим...слободно време за ручек и прошетка по познатата пешачка улица Иштиклал џаде. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта прошетка до еден од најстарите безистени Ташан на турско чајче или наргиле.Ноќевање.

 

3 ден (31.12 - вторник)

Појадок. По појадокот факулативна  посета на Отомански Истанбул:

Хиподромот - во минатото се користел за коњски трки, Сината џамија -  една од најголемите џамии во светот и еднинствена џамија која има 6 минариња во Турција , Аја Софија – изградена како црква во владеењето на Византискиот цар ,,Црква на Светата мудрост”, подоцна Османлиите ја претвораат во џамија за да денес е музеј и еден од најпосетуваните објекти како во Турција така и во светот.Палатата Топ Капи – Османлиската резиденција, главен административен центар за време на нивното владеење, каде се одвивал целокупниот живот на Султанот, неговото семејство и неговите поданици. Во склоп на Топ Капи палатата се наоѓа и Харемот, најпосетено место од страна на женската популација. По завршување на Отоманскиот дел од градот незаборавно крстарење по Босфор. По крстарењето посета на Цариградската партијаршија и пазарот на зачини. Слободно време. Враќање во хотел.

Дочек на Новата година на еден од градските плоштади во Истанбул со голем огномет.

Ноќевање.

 

 istanbul ng3

4 ден (01.01 – среда)

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за шопинг и посета на еден од најубавите аквариуми во Европа во шопинг центарот ,,Форум”. Слободно време за шопинг. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности...

istanbul ng4

Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 евра

 

Цената вклучува:

* Автобуски превоз Скопје-Истанбул-Скопје

* Панорамски разглед на Истанбул

* 2 ноќевања со појадок во хотел 3*

* посета на шопинг центарот ,,Форум Истанбул”

 

Цената не вклучува:

* Патничко - здравствено осигурување – 200 денари

* посета на Аја Софија – 15 евра (влезница, локален водич)

* посета на Топ Капи палатата – 15 евра, посета на харемот во Топ капи платата – 10евра

 (влезница, локален водич)

* посета на Долма Бахче Сарајот со харемот  – 35 евра (влезница , локален водич)

* крстарење по Босфор – 20 евра

 

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 пријавени патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

 

 

НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО !