217437728

Sun Hall Beah Hotel Apartments 3* - Ларнака,   е модерен хотел кој е целосно реновриан минатата година  за одмор и релаксација. Лоциран е на самото крајбрежје на Средоземното море во Ларнака веднаш до градската плажа.

unnamed

Хотелот располага со студиа, едноспални апартмани, двосплани апартмани, каде може комотно да се сместат до 4 возрасни лица. Студиата/ апартманите се опремени со се што е потребно како за краток така и за подолг престој во хотелот.  Апартманите се големи, широки, комфорни и целосно опремени со големи плакари, огледала, и кујни (со рерни, фрижидери, чајници за топла вода, чаши, шољи за кафе и чај, тањири и кујни прибор за јадење). Сите соби се климатизирани, со сопствени бањи со тушеви.

unnamed 8

Ценовник – од 01.06 – 31.10

Цена по лице на ден - ноќевање

 

Economy Студио – ( за макс. 2 лица)

Дете до 11,99 години - бесплатно

35 евра

Economy  Едноспален апартман –

(за макс. 2 лица + 2 деца, или 4ца возрасни)

Доплата за трето лице – 15 евра по ноќ

Деца до 11,99 години - бесплатно

45 евра

Едноспален апартман со поглед на море –

(за макс.2 лица + 2 деца или 4ца возрасни)

Доплата за трето лице –  20 евра по ноќ

Деца до 11,99 години - бесплатно

50 евра

Economy двоспален апартман –

(за макс. 6 возрасни или 4ца возрасни и 2 деца)

Доплата за петто и шесто лице – 15 евра по ноќ

Деца до 11,99 години - бесплатно

60 евра

(цена за 2 лица)

Двоспалаен  апартман со поглед на море –

(за макс.6 возрасни или 4ца возрасни и 2 деца)

Доплата за петто и шесто лице –  20 евра по ноќ

Деца до 11,99 години - бесплатно

70 евра

(цена за 2 лица)

Доплата за појадок – 10 евра за возрасни, 7 евра за дете до 12 години

Туристичка такса –  1 евро по лице на ден, плаќаат и деца над 2 години

unnamed 5

Местоположбата на хотелот  е на самата космополитска променада каде се сместени таверните , рестораните со морска храна, рестораните со локални специјалитети, рестораните за брза храна (Mc Donald’s, Burger King, Starbucks…), кафетерии, пабови, пиварии и ноќни клубови. Sun Hall Beach Hotel Apartments e точно пред  Phinikoudes Beach – градската плажа со тоа имате можност во вечерните часови за долги прошетки по променадата, можности за јадење и пиење покрај плажа , како и да сретнете луѓе од целиот свет.

unnamed 3

Голем дел од апартманите имаат поглед кон море. Широките пространи тераси овозможуваат да уживате во погледот од хотелот кон морето или да отидете на Phinikoudes Beach – градската плажа каде можете да се сончате или да пливате во чистите води на Средоземното море кои го носат ,,Синото знаме” (Blue Flag) за еколошка плажа.