kipar0
Кипар е островска држава во Средоземното море, четврто по големина. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.

 

Климата на Кипар е средоземноморска. Кипар е најтоплиот остров на Медитеранот, со околу 340 сончеви денови во годината. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Сончани плажи, космополитски градови и луксузни хотели, планини со борови шуми и живописните села се карактеристики на овој остров.

Лимасол е втор по големина град на Кипар и најголемо туристичко место на островот. Благодарејќи на пријатната клима, гостопримството и развијената туристичка инфраструктура се здобил со назив „Кипарска ривијера„. Изобилува со луксузните хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови и дискотеки, како и продавници. По должината на старото пристаниште се протега шеталиштето.

kipar2

Пафос е модерен туристички центар со преубави плажи, волшебен поглед на залив, како и многубројни историски локалитети и средновековна тврдина. Сместен е на западниот дел на островот и составен од два дела, стариот и новиот дел на градот.Брегот е воглавно карпест, но има и преубави песочни плажи. Најубава песочна плажа е Coral Bai. Секако посетете го и аквапаркот Афродита, на 35000 км² и акваријумот.

Ларнака е трет град по големина, сместен на југоисточниот дел на островот. Модерен град настанат на руините на стариот град-држава Китион, поморско и трговско пристаниште и стратешка точка на феничаните. Во близина на Ларнака се одлични песочни плажи.

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и предивни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„, за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach и Nissi Beach.

 kipar1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

* Пакет аранжмани со вклучени авио билети, хотелска услуга и трансфер до избраниот хотел…

Промо Кипар со директен лет Скопје – Ларнака ( Кипар )
Термин: 07.08-14.08 (7 ноќевања)

Antonis G Hotel Apartments

DBL/HB ( полупансион) - Цена по лице 427 EUR

 

Larco Hotel

DBL Room-HB- Цена по лице 472 EUR



Cactus Hotel
DBL promo HB - Цена по лице 490 EUR

Crown Resorts Henipa

DBL/HB ( полупансион) - Цена по лице 507 EUR

Flamingo Beach

DBL/HB ( полупансион) - Цена по лице 555 EUR

Mackenzie Beach Hotel & Apartments

DBL/HB ( полупансион) - Цена по лице 555 EUR

Цената по лице вклучува: повратен авионски билет Скопје – Ларнака – Скопје ,

- трансфер Аеордром во Ларнака -Хотел- Аеродром Ларнака,

-хотел на наведениот тип и услуга

- Аеродромски такси 

Цената не вклучува :  
- Задоложително патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии

Цените и расположливоста на места зависи од состојбата во момент на самата резервација

Цените се дадени во евра за уплата во денари ( 1 еур= 62 мкд)

За потврда на резервација потребно е уплата од мин 30% депозит
Голем избор на хотели – побарајте информации во агенција за бараниот термин на Вашето патување…