galichicaАвантурата започнува од Скопје кон Преспанското езеро.Преспанската област се одликува со многу сончеви денови, а крајбрежјето на Преспанско Езеро има неколку убави песочни плажи. Постојано сте опкружени со планини со бујна вегетација.

Сето тоа заедно со бистрата езерска вода нема да ве остават рамнодуши и постојано ќе Ве канат на капење и релаксација.

Сето тоа заедно со бистрата езерска вода нема да ве остават рамнодуши и постојано ќе Ве канат на капење и релаксација.

 За развојот на летниот туризам многу ќе помогнe културното наследство и разни објекти и прекрасните видици и интересни локации, како и посебните организирани тури со водич и придружник од чуварска служба од Маркова нога се до с. Коњско и островот „Голем Град“. Заокружено со планини од сите страни, Преспанското езеро маѓепсува со својата изворедна убавина. Додека врвовите на Галичица се покриени со првиот снег, долу во равницата, на брегот на езерото, сеуште има ружи и есенски цвеќиња.

Стоби – Винарија Тиквеш

Денешната приказна ја посветуваме на некатрот на Боговите, виното. Одиме до најпопуларниот вински регион во Македонија - Тиквеш со попатна посета на Стоби, античкиот град и археолошки локалитет.    

stobi 1

Стариот град Стоби “…Stobis, vetere urbe…”, како што го нарекува римскиот историчар Ливиј, подигнат на влевот на Црна Река во Вардар, е најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија, подоцна главен град на провинцијата Macedonia Secunda и значаен урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две големи империи: римската и рановизантиската.  

Сместен во срцето на Македонија, на крстопатот меѓу егејскиот свет и централниот Балкан, во текот на целокупниот период од своето постоење тој претставувал средиште, во кое се слевале културните придобивки на античкиот свет.

 Денес, остатоците на овој надалеку познат археолошки локалитет се еднакво лесно пристапни од меѓународниот автопат Е-75, што го чини Стоби мошне популарна туристичка дестинација во Македонија. Ноќната илуминација на градските ѕидини и откриените градби дополнително ја нагласуваат неговата атрактивност и убавина.

ЈАСЕН

      jasen zelenaШумскиот резерват "Јасен"  спаѓа во категоријата на посебни природни предели, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости. Во "Јасен" не се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, односно да ги изменат основните автентични карактеристики на еволуциониот развој во целина. Со стандардни и посебни биотехнички мерки се настојува да се обезбедат реални претпоставки за трајна заштита на работи од областа на екологијата, а посебно од областа на шумарството и ловството. "Јасен" во неговиот простор, заради разновидноста на геморфолошките појави, и автентичноста на фауната и на флората е од исклучително значење за Република Македонија. бидејќи претставува свет од поширокиот простор на Европа.

Со фотоапарат во едната и листот со задачи во другата рака, тргнете во несекојдневна авантура. Запознајте го пределот, посетете неверојатни места, направете нешто што мислите дека никогаш не би го направиле, соработувајте со вработените и ренџерите во резерватот, за на крајот сето тоа го овековечите со фотографија. Бидете креативни, шармантни и снаодливи, опуштете се.

Галичник и Лазарополе

Галичник — село во Општина Маврово-Ростуша, во областа Мала Река. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија.

Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, galicnik header
богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на „диви кокошки“ - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле.    Денеска, Галичник е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител.Слободно време за уживање, можност за јавање на коњи.

,,СИТЕ ПРАВЦИ ВОДАТ КОН МИРАВЦИ

Смачено Ви е од скопското секојдневие?! Денес Ве носиме на ,,разладување” на Стара река.

Стара Река е притока на Вардар во Валандовската Котлина. Навлегува во карпесто корито низ кое тече сѐ до излетничкото место Бел Рај кое се наоѓа крај мостот на самиот пат помеѓу селата Петрово и Миравци.                                      

Над селото Миравци се нmiravciаоѓа црквата „Свети Константин и Елена“ која е изградена во поново време, најверојатно на место од постара црква, со оглед на времето од кое датираат гробовите во нејзиниот двор. Во близината на селото Миравци, на патот кон селото Петрово се наоѓа и вештачко езеро.Во карпестиот дел на клисурата кај излетничкото место Бел Рај има повеќе вирови чија длабочина се движи од 1,5 до 3 метри, а најголемата длабочина изнесува 5 до 6 метри. Поради тоа во нејзиното средно течение помеѓу селата Миравци и Петрово веднаш крај самиот мост на асфалтниот пат се наоѓа уреденото и доста посетувано излетничко место наречено Бел Рај или на местен говор Белио Рај.

На ова место има изградено неколку шанкови кои во летниот период работат како угостителски објекти.Во нив често се одржуваат и голем број на музички забави како техно-журки кои ги посетуваат голем број на млади од ГевгелијаМиравциСкопјеСтрумицаВаландово и други места. Покрај музичките забави, бројните вирови во летниот период се користат и од голем број на капачи и излетници...

 

 

 

ВЕВЧАНИ

Без непотребни тестирања Ве носиме во ,,државата” Вевчани. Знаевте ли дека постои ,,Вевчански пасош”?

Вевчани — село во областа Дримкол, во околината на градот Струга, во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина, единствената во Македонија со само едно населено место.

vecani 2

Повеќе артикли...