ostrog news1

 

 

Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.  Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет

1 ден (07.09 - сабота)

 Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, поаѓање за Чањ во 06:00 часот. Се патува преку граничниот премин Блаце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Се патува преку Косово и Албанија.Пристигнување во Чањ во пладневните  часови. Сместување во апартмани. Ноќевање.

ostrog2

2 ден (08.09 - недела)   

Во 09:00 часот поаѓање за Острог.  Третото светилиште во христијанскиот свет, по Христовиот гроб во Еруаслим и Света гора во Грција. Вечниот дом на големиот Светец чудотврорец,  Василиј Острошки,  е издлабен во карпа на 900 метри надморска височина. Датира од 17 век, а на негово место првично постоела цквата ,,Воведение на пресвета Богородицакоја и денес е составен дел од Горниот манастир. Во потрага по тешко пристапни предели за испоснички живот, Василиј Острошки одлучил токму во овие карпи да подигне манастир кое ќе биде и негово ново митрополско седиште. Свети Василиј покрај за своето братство се погрижил да обезбеди храна и приходи за жителите на манастирот така што ја откупувал земјата од локалните селани и подигнал конак за млади калуѓери.

На тој начин Владиката ги поставил темелите на Долниот манастир на голем простор со шуми и ораници. Манастирот е прибежиште на илјадици верници кои трагаат по мир, здравје и чуда, кои тврдат дека по посетата на манастирот ,,чудата се остваруваат”.

Можност за преспивање во конаците на Горниот манастир , каде ноќевањето е бесплатно доколку има место (или се ноќева пред манастирот под ведро небо). Ноќевање во конаците на Долниот манастир , доколку има место чини 5 евра по особа. Патниците кои не сакаат да останат во конаците постои можност да се вратат да ноќеваат во апартманите во Чањ (минимум 20 особи). Индивидуално со можност за користење на плажа.

ostrog3

3 ден (09.09 - понеделник)

По ноќевањето од Чањ ги земаме патниците кои ноќевале во манастирскиот комплекс и патувањето продолжува кон Скопје со попатна посета на шопинг центарот ,,Делтаво Подгорица со слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Скадарско езеро каде ќе направиме пауза за кафе. Продолжуваме кон Скопје со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2.500 денари

 

 

Цената вклучува:                                                                                                                                                                   

* Автобуски превоз на наведената релација

* 1 ноќевања во Чањ – апартманско сместување , 1 ноќевање во манастирскиот комплекс

* Посета на шопинг центарот ,,Делтаво Подгорица

* Посета на Скадарско езеро

* Организација на аранжманот со лиценциран придружник - пратител на групата

 

Цената не вклучува:

* Туристичка такса (1 евро) - по лице за Острог (се плаќа на лице место)

* Патничко-здравствено осигурување - 100 ден   

* Доплата за второ ноќевање во Чањ – 620 денари (се плаќа во агенција)

 

Напомени:

*За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

*Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

*Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)

*Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

* НАПОМЕНА: МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО ЛИЧНА КАРТА

*МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ СИНДИКАТ НА 4 РАТИ


Египет - Хургада