dubrovnik
Независно од тоа дали прв пат сте во посета на Дубровник, чувството на стравопочит никогаш не успева да се спушти кога ќе погледн
eте во убавината на стариот дел на градот. Прекрасен град кој го красат тесни улички, барокни згради, антички градски ѕидини и бескрајната треперливост на Јадранското Море. Дубровник е градот во кој вашите медитерански фантазии можете да ги претворите во  реалност.

dubrovnik1
1 ден (
06.09 - петок)

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn (поранешен Дрводекор) во 20:30 часот. Поаѓање во 21 часот. Се патува преку граничен премин Блаце кон Косовo, Aлбанија, Црна Гора и Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

 

 

 

1200px Dubrovnik Croatia2 ден (7.09 – сабота)0

Пристигнување во Дубровник.Разглед на градот со локален водич прошетка низ стариот дел на градот:плоштадот Страдун, Тврдината, Катедралата Св.Влах, Дубровничката катедрала, Саат Кулата, културно-историски музеј – Кнежев двор – во минатото седиште на Кнезовите на Дубровачката република.Сместување во хотел.

 

 

 

 

dubrovnik2
3 ден (08.09 - недела)

 Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, користење на плажа и сл. Ноќевање.

 

 

 

 

4 ден (09.09 - понеделник)

dubrovnik3
Појадок. Напуштање на хотелот во утринските часови. Поаѓање кон Скопје. Патувањето го продолжуваме кон Будва.Слободно време за индивидуална прошетка низ Будва. Во договорено време во вечерните часови поаѓање кон Скопје. Се патува преку Албанија, Косово...

5 ден (10.09 - вторник)

 Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.08 : 129 евра ( 7.998 денари)

Редовна цена на аранжманот: 149 евра (9.238 денари)

 

Цената вклучува:

* Автобуски превоз на релација Скопје – Дубровник - Скопје

* Попатна посета на Будва

* 2 Ноќевања со појадок во хотел 3* во Дубровник

* Организација и водство на програмата со лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:

* Туристичка такса 2 евра (124 денари)  по лице по ноќевање – (задолжително во агенција)

* Патничко осигурување – 150 денари

* Разглед на Дубровник со локален водич – 10 евра

                                  

Плаќање до 4 рати без камата за синдикати

 

Напомени:

* За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се              

  доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

*  НАПОМЕНА: ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО !!!


Египет - Хургада