belgrad8dekemvri

 

Белград е на листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава. Има прекрасни  ресторани, барови и ноќни клубови како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, ентузијастичкото домашно население  придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

 

1 ден (07.12 - сабота)         

Состанок на групата во 04:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 05:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот: хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан, ридот Топчидер (стадионите на Црвена Ѕвезда и Партизан). Сместување вo преубавиот хотел „Компас- Ривер Сити” (https://compassrivercity.com/) koj е единствениот брод-хотел во Белград, долж крајбрежјето на реката Дунав, кој е на само 3 км одалечен од најпозната улица Кнез Михајлова.Секоја од собите кои се автентични бродски кабини располагаат со бесплатен интернет, минибар, сеф, клима...

 kom1

 

2 ден (08.12- недела)    

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и поаѓање кон Нови сад. Попатна посета и можност за шопинг во најпознатиот OUTLET CENTER INDZIJA – со попусти до 70% на наjпознатите светски брендови GUESS,NINE WEST,TOMMY HILFIGER… Пристигнување во Нови сад, разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор - најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време. Сместување во хотел. Ноќевање.

rooftop bar area with

3 ден (09.12 - понеделник)

Појадок. Напуштање на собите во 10:00 часот. Поаѓање кон Македонија , со попатна посета на „ИКЕА” кај Белград. Слободно време.Поаѓање за Скопје. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.998 денари

 

Цената вклучува:                                                                                                                                                                   

* Автобуски превоз на наведената релација

* 1 ноќевања со појадок во Белград во ботел Compass River City - https://compassrivercity.com/

* 1 ноќевање со појадок во хотел  Вигор  во Нови сад – http://www.hotelvigor.com/

* Разглед на Белград

* Посета на „ИКЕА“

* Организација на аранжманот со лиценциран придружник - пратител на групата

Цената не вклучува:

* Туристичка такса (1 еврo) - 62 денари по лице по ноќевање  (задолжително во агенција)

* Патничко-здравствено осигурување - 120 ден                                                                                                                                           * Разглед на Нови Сад со водич и попатна посета на  шопинг центар Инџија (15 евра) - задолжително

Напомени:

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

*  НАПОМЕНА:  може да се патува и со лична карта !

ПАСОШИТЕ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО !

 


Partly Cloudy

5°C

Skopje

Partly Cloudy

Humidity: 91%

Wind: 3 km/h

  • 09 Dec 2019

    Mostly Sunny 6°C 2°C

  • 10 Dec 2019

    Showers 7°C 2°C