Вила Олга се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на 120м одалеченост од плажа. Вилата располага со трокреветни студиа на приземје или први спрат. Секое студио има опремена чајна кујна со основен прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, тераса која гледа према двор, телевизор, клима вклучена во цената.

Вила Наталиа се наоѓа во срцето на Пефкохори, на минута  од пешачката зона, до плажа и до првиот супермаркет.Вила Наталиа е составена од две згради, Анекс 1 и Анекс 2.                         Анекс 1 е на два спрата. Апартманите во Анекс 1 имаат еден брачен кревет во спална соба и 2 единечни кревети во кујна.                                                                                                                   Анекс 2 е на еден спрат, само приземје. Апартманите во Анекс 2 имаат три кревети во спална и еден во друга просторија, кујната е во одделна соба.

Aммос Апартманите се од "B" категорија и се наоѓаат на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа. Од вилата до градската плажа има неколку минути пешачење или 200метри удолница. Под самите апартмани се наоѓа бутик и продавница како и канцеларија за прием на гостите и оставање на багаж.

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали.

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плаѓата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.

Вила Меропи се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и  излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила.