Врахос Апартманите се наоѓаат на 50м одалеченост од плажа, и располагаат со трокреветни студиа, опремени со мини кујни со прибор за готвење и јадење, клима (со доплата од 5еур на ден на лице место), сопстевен тоалет и тераса.

Вила Велирасиос се наоѓа во Врахос, една од постарите сместувачки капацитети во Врахос, се наоѓа на помалку од 50метри одалеченост од плажа, изолирана од бука и врева, од плажа ја дели само улица и паркинг, вилата е опкружења со зеленило, преполн двор со цвеќиња и дрва. Собите се двокреветни со две единечни легла плус едно легло на расклопување(фотеља), поволно за дете до 12год, повеќе лица од 3 неможат да се сместат и не е дозволено, собите имаат мала чајна кујна, опремана со основни елементи за готвење и јадење, ТВ, интернет, сопствен тоалет со туш, и балкон, клима со доплата на лице место од 5еур.

Вилата се наоѓа на прв ред на плажа, пред неа има бич бар со лежалки (кој не се бесплатни, се користат со пијалок или закуска).

Сите апартмани се едноспални, т.е имаат спална соба со еден дупли и еден единечен кревет, и во кујната која е одделена од спалната соба има уште едно легло. Кујната е опремена со прибор за готвење и јадење, мини шпорет со рерна, аспиратор, мал фрижидер, клима (со доплата од 5еур на лице место) ТВ, сопствен тоалет со туш кадичка, балкон со поглед кон море.

Капацитетот на сите апартмани е 4 возрасни лица + 1 дете на дополнително легло ранџо и не е дозволено за 5то возрасно лице.

Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа меѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес.

Вила Јонио се наоѓа на 2км од Аг.Никити, на самата раскрсница која води до плажата Катизма и е на 1км одалечена, до истата се препорачува да не се пешачи бидејки нема пешачка зона и е стрмно. Вилата располага со паркинг, двор и зеленило.

Сите соби се трокреветни, и се наоѓаат на приземје или прв кат, располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет, ТВ, клима, балкон и нема интернет.

Вила Спирос се наоѓа на 300метри од плажа, на почетокот на Аг.Никитас,во нејзина близина се наоѓа продавница на 100м,rent a car и rent a bike на 100м, централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.