Вила Олива се наоѓа во мирен дел на Парга, идеален за оние кој сакаат да избегаат од гужва на 900м одалеченост од центарот на Парга или најблиската Писо Крионери е на 750метри оддалеченост. Вилата нуди и базен во склоп на нејзиниот двор, паркинг само за 6 возила (не го гарантираме). Сите соби имаат мини кујни, тв, балкон, клима (доплата од 5еур на ден), располагаат само со двокреветни соби лоцирани сите на први спрат (сите со две единечни легла) и Трокреветни на втор спрат ( со две единечни легла + софа на спуштање)

Вила Димас се наоѓа во Парга, на 700м одалеченост од плажата Валтос и на 1,5км од центарот на Парга. Вилата располага со интернет, убаво уреден двор, паркинг и летниковец.Собите располагаат со сопствен тоалет, мини кујна, фиржидер, ТВ, тераса со гарнитура за седење и клима (со доплата од 5еур на лице место).

Вила Саваш се наоѓа на 40 м плажа, помеѓу Врахос и Лигија. Идеална  локација за љубителите на мирен одмор.

Вилата e погодна за фамилии или парови, располага со 3 спални соби , една дневна и кујна. Двете спални соби имаат француски лежај, во третата спална соба има два одвоени кревети. Вилата има тераса со поглед на море и сопствен паркинг.

Вила Ionion View се наоѓа во Врахос на 90метри одалеченост од плажа, вилата нуди прекрасен поглед на Јонското море.Располага со трокреветни студиа (еден дупли и еден единечен кревет) и Апартман со една спална (еден дупли кревет, еден единечен и една софа) , лоцирани на последниот спрат (подкровје) опремени сите со сопствен тоалет, кујна со прибор за готвење и јадење, тераса со поглед на море, клима со доплата на лице место од 5еур на ден.

Вила Лукас- Б категорија, е лоцирана во првиот ред веднаш до плажата во централниот дел на туристичкото место Врахос.Собите се опремени со ТВ, Клима (доплата од 4еур на ден) опремена кујна, тоалет и wi-fi,
сместувањето е од постар тип, затоа е категоризирана како Б категорија.Пред вилата има паркинг за ограничен број возила. Исто така пред вилата има бич бар каде има бесплатни лежалки при нарачан пијалок. Во близина на вилата има голем број на ресторани, кафе барови и маркет. 

Вила Ирини се наоѓа на самата плажа и нуди сѐ што може апартманското сместување да
понуди. Вилата има сопствена плажа, базен, паркинг, бар, катче за деца, wi-fi…
Оваа вила располага со просторни четворокреветни студија и едноспален апартман за 4 до 5 лица.
Сите студија и едноспално апартмани се опремени со кујна, клима ( 4еур на ден се плаќа на лице место), TV, тоалет, wi fi и балкон.