Апартман Криопиги
Овој апартман се наоѓа во местото Криопиги на првиот крак Касандра на добро познатиот Халкидики. Криопиги е туристичко место на источниот брег на Касандра, изградено на рид со борова шума со поглед на заливот Торонеос. Се наоѓа веднаш по Калитеа, на 10 минути возење. Карактеристично е по традиционалните стари куќи кои заедно со модерните хотелски комплекси го создаваат изгледот на градот.