istraoktomvri
Истра е ѕвездата на хрватскиот туризам, кој со својата убавина со децении ги импресионира своите  посетители. Посетете го најголемиот полуостров во Хрватска и откријте ја различноста на боите. 

 

Сината Истра ќе Ви донесе листа на музички фестивали по должината на брегот или ќе Ве изненади со некој спектакуларен филм во Пулска арена. Зелената Истра ќе го разбуди авантуристичкиот дух на падините на Учка, а вкусот на тартуфите ќе Ве следи низ улиците на средновековните градови.

18.10 – Петок

Состанок на групата во 18:30 на паркингот спроти Holiday Inn. Поаѓање во 19 часот. Се патува преку граничен премин Табановце, Р. Србија...со попатни паузи за одмор и царински формалности.

19.10 – Саботаistra1

Пристигнување во Загреб во утринските часови. Слободно време за појадок и прошетка низ центарот на Загреб: Загребачката катедрала, плоштадот на бан Јелачич, црквата Св.Марко... Поаѓање кон Врсар со попатна посета на Опатија, кралицата на Јадранот. Градот се протега по должината на брегот меѓу пошумените ридови и пенливото Јадранско море. Некогаш била омилено одморалиште на Австро – Унгарската елита. Поаѓање кон Врсар.

istra2

Врсар е живописен град опкружен со зеленило, и е  идеално место за одмор. Покрај  интересните знаменитости, можете исто така да уживате во камената архитектура на стариот град кој се развил околу цитаделата, летната резиденција на епископите на Пореч во раниот среден век. Главните градски порти се наоѓаат веднаш до црквата Св. Фоска. Во Валканела, неколку километри северно од Врсар сенаоѓа паркот Скулптура Џамоња. Ресортот Белведере  4*. Сместување во хотел.Вечера. Ноќевање.

20.10 – Недела

Појадок. После појадокот факултативно предлагаме посета на Пореч. При  посетата на градот видлива е мешавината  од готски, романескни и барокни згради и добро развиена туристичка инфраструктура, а и зелената истaрска внатрешност е на дофат.Пореч е уште еден град со долга традиција, точно 2000 години. Сместен на западниот брег на Истра, помеѓу реката Мирна на север и Врсар на југ, во  залив спроти островот Св. Никола. Материјалните и духовните траги на големите култури се забележуваат на секој чекор во тесните поплочени улици и плоштади од старото градско јадро.

Новиград, некогаш спокојно рибарско село, со годините стана привлечно место за туристите од цела Европа и светот. Новиград го зачувал својот шарм на спокоен рибарски медитерански град , преполн со историски знаменитости, богато културно наследство, зачувани природни убавини, но и со врвни гастрономски деликатеси и други атрибути.

 Умаг е град кој ќе Ве привлече со својот  сјај, раскош. Стариот дел на градот е препознатлив по Венецијански куќи, ренесансните и барокните градби и старите ѕидини. Неговата привлечност, исто така, во голема мера придонесува со богата спортска понуда, исклучително ценета автохтона гастрономија и вино. Умаг е познат како седиште на меѓународниот АТП турнир кој успешно се одржува во континуитет од 1990 година.

Мотовун Средновековниот град Мотовун ќе ве прими на меѓународниот филмски фестивал Мотован кој се одржува во Мотовунската тврдина. Без разлика дали сакате да останете во природа, побарајте “злато” што се крие во шумата Мотовун, која e живеалиште на тартуфи. Имате прекрасен поглед на ридовите и лозјата кои се гордост на Мотовун, село со високи традиции со многу добро вино и храна. Мотовун е едно од најпосетените места во Хрватска.Враќење во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

21.10 – Понеделник

Појадок. Факултативна посета на  Трст со попатна пауза. Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Разглед на градот : Каналот Гранде, Ponte Rosso, Црквата Св. Спиридон, Плоштадот Обединета Италија. Поаѓање кон Порторож . Можност за посета на Bata outlet шопинг центарот. Слободно време. Поаѓање кон Порторож

Порторож е туристички град на словенечкиот брег на Јадранското Море. Нејзините бањи нудат терапевтски третмани засновани на кал и саламура од околните садови од Сечовље Салина. Централната плажа Порторож е широка, песочна  со дрвени столбови. Црквата Св. Бернардин е врховен манастир од 15 век. На југ, паркот Сеча е дом на Форма Вива, површина преполна со камени скулптури. Вечера. Ноќеање.

 

22.10 – Вторник

Појадок. После појадокот факултативна посета на Ровињ и Пула. Можност за факултативна посета на Пулската  Арена , еден од шесте најголеми амфитеатри во светот кои денеска постојат, како и најзачувана градба од римско време во рамките на денешна Хрватска.

Денеска амфитеатарот се користи и како концертна сала, каде гостувале голем број на музичари, како Горан БреговиќЗдравко ЧолиќЏо КокерСтингЕлтон Џон и др. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

istra3

 

23.10 – Среда

Појадок. После појадокот факултативна посета на островот Бриони. Островите Бриони се еден од осумте национални паркови во Хрватска, сместен во Истра, на периферија на пристаништето на Пула. Националниот парк се состои од два поголеми острови, Голем и Мали Бријун и 12 островчиња. Најдобар начин да се стигне до островите е со ферибот кој поминува од пристаништето Фазана до националниот парк. Слободно време. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

24.10 - Четврток

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје. Се патува преку Загреб, Србија...кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

                   Цена:   359евра   (22.260 денари)

Цената  вклучува:

  • Автобуски превоз Скопје – Врсар - Скопје
  • Панорамски разглед на Загреб, Опатија и Врсар
  • 5 ноќевања со појадок и вечера во хотел Белведере 4* https://www.maistra.com/belvedere-vrsar
  • Лиценциран пратител од агенција

Цената не вклучува:

  • Туристичка такса 1 евро по лице по ноќ – 310 ден за 5 ноќи се плаќа во агенција
  • Патничко и здравствено осигурување – 180 денари
  • Факултативна посета на Пореч, Новиград, Умаг и Мотовун – 20 евра
  • Факултативна посета на Трст и Порторож – 25 евра
  • Факулттаивна посета на Ровињ и Пула – 15 евра, (25 евра со вклучена влезница во Пулската арена)
  • Факултативна посета на Островот Бриони со брод

Напомени:

* За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

* Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд

* Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се              

  доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање (освен за синдикати)

* Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање

 

*  НАПОМЕНА: ПАСОШОТ  ТРЕБА ДА ИМААТ ВАЖНОСТ МИНИМУМ 3 МЕСЕЦИ ОД ЗАВРШУВАЊЕ  НА ПАТУВАЊЕТО !!!